20-годишник тешко повреден во сообраќајка во Велес

Тешко повреден млад мотоциклист во сообраќајка во Велес. 

- На 22.03.2024 околу 16.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102 во Велес, во близина на црквата „Св. Петка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(39) од Велес и мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(20) од Велес. Во несреќата, мотоциклистот Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес, извести полицијата во дневниот билтен. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.