20-годишна девојка почина од грип на Инфективната клиника

Дваесетгодишна девојка почина од грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, ја потврдуваат информацијата од Министерството за здравство.

Ова е седми смртен случај од почетокот на сезоната на грип. Девојката најпрво била хоспитализирана на Клиниката за хаматологија, по што била префрлена на Инфективната клиника каде и починала.

Повеќе детали за овој случај се најавуваат за денеска.