Со програмата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се предвидува и дополнителна изградба на четири терени за кошарка, односно „Street basket“ и еден тениски терен. Ова го најави кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој нагласи и дека Ѓорче Петров во последниот период доби и 5 улични вежбални.
За споредба, во Општина Бутел, вложени се околу 70 милиони денари во спортски капацитети. Но, во иднина со програмата „Реално“, се предвидува изградба на повеќенаменско игралиште како и спортска сала и три игралишта за популарниот „Street basket“.