Зошто смртноста од рак во изминатите години расте, иако има биолошка терапија, праша д-р Даниловски

Познатиот доктор епидемиолог Драган Даниловски со прашање на социјалните мрежи, додека се чека разрешница за случајот Онкологија. 

Тој праша зошто смртноста во изминатите години како последица од онколошките болести расте иако има терапија. 

- Ако во 2019 година е набавена биолошката терапија за болните од малигни заболувања, смртноста во 2020 и 2021 година би требало значајно да опаѓа. Наместо тоа, таа расте! Видете ги графиконите. Зошто?, порача доктор Даниловски споделувајќи податоци од Институтот за јавно здравје.