Зошто исчезнува страста?

Повеќето парови во подолги врски кога-тогаш се сретнуваат со некои од овие прашања: Каде исчезна страста? Зошто имаме помалку секс од претходно? Немам желба, што да правам?

Најпрво треба да знаете дека дефинитивно не сте сами и дека тоа е апсолутно нормално. Секс во подолга врска и брак може да поминува низ различни фази, подеми и падови. Она што е важно е комуникацијата со партнерите која мора да биде отворена и искрена. Еве можни разговори за кои треба да се размисли:

Стрес

Стресот влијае на либидото. Дали неодамна сте поминувале низ стресни ситуации? Некаква загуба, промена на работно место, болест или смрт на член на семејството, преселба, конфликти, незадоволство со себеси и другите. Сето тоа влијае на сексуалниот живот и треба прво да се одморите и да се вратите во нормална психофизичка состојба.

Родителство

Жената која дои има посебен хормонски статус и природно е да има помало либидо. Телото се навикнува на големи промени, но и штити од нова бременост. Малите деца бараат големо внимание, па затоа новите мајки се исцрпени и уморни. Важно е да си дадете себеси време, да зборувате со партнерот кој треба да ви даде поддршка и постепено да ја враќате страст во својата врска. 

Правење споредби со почетокот на заљубеноста

Некогаш во прашање се само преголеми очекувања и нејасен притисок кој самите си го наметнуваме. Ако на почетокот на врската секој ден сте имале секс, сосема е нормално со текот на врската да се смират хормоните, односот да стане поинаков и постабилен и одреден дел од возбуденоста си заминува. Не гледајте други парови, па и својата врска не ја споредувајте со почетокот на врската, туку барајте ритам кој сега ќе ви одговара.

Немало страст ниту на почетокот

Некои врски се раѓаат од пријателство и духовна блискост каде голема страст и привлекување никогаш не ни постоеле. Такви парови можат да бидат многу стабилни, но сексот едноставно никогаш не им бил силна страна.  

Секс како показател за односот

Сексот може да страда ако парот минува низ некаква криза. Ако постојат недоречености, лутина, пасивна енергија, недостаток на почит. Овие ситуации бараат многу работа на себе и комуникација со партнерите.