Вашата страст за музика кажува многу за вашиот карактер

Ако ги минувате деновите со слушалки во уши, тоа кажува нешто многу интересно за вашиот мозок и за вашиот карактер.

Новите истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат високо ниво на емпатија имаат поголем интерес за музика. Во споредба со луѓето со пониско ниво на емпатија, луѓето кои имаат развиена емпатија имаат поинтензивна мозочна активност додека слушаат музика, особено во деловите на мозокот одговорни за општествена свесност.

Според истражувачите, ова е знак дека музиката и уметноста создаваат длабоки искуства. Некои од нив тврдат дека задоволството кое некои луѓе го чувствуваат додека слушаат музика е многу слична со чувството што го имаат додека комуницираат со друг човек.

Еден од главните истражувачи, доктор Валмарк вели: „Ова истражување придонесува кон купот докази кои укажуваат дека музиката е дел од когнитивните механизми кои ја олеснуваат социјалната интеракција. Резултатите од нашето истражување ни помагаат да објасниме како музиката нѐ поврзува со другите луѓе. Ова може да има влијание врз тоа како ја разбираме музиката во нашиот свет денес, но и порано.“