Зошто е поздраво да јадете со прсти?

Пристојното и културно јадење на маса со посебен прибор за секоја храна не е секогаш најпрепорачливо и најздраво.

Всушност, непристојното јадење со раце, лижење на прстите, може да биде многу покорисно и поздраво во многу ситуации, па дури и да ве заштити од некои болести.

Спречува дијабетес тип 2

Луѓето кои јадат брзо имаат поголеми шанси да заболат од дијабетес тип 2. Со оглед на тоа дека оброкот со виљушка и нож трае пократко од оној кој го консумираме со раце, јасно е зошто е подобро да се јаде „непристојно“, секогаш кога се може. Не само што со прстите на пример може да земете по едно до две компирчиња, за разлика од оние пет-шест што може да ги наденете со виљушката, туку се јаде и многу побавно, како мезе.

Го подобрува варењето

Откако добро ќе ги измиете рацете за да се ослободите од штетните бактерии, на дланките и прстите ви остануваат и т.н. корисни бактерии, кои пак се решение за штетните бактерии во организмот и добро би било да ги внесете, јадејќи ја храната со прсти. Притоа, мозокот добива сигнали од нервните завршетоци на прстите за тоа колку е храната топла или студена, тврда или мека, па ги подготвува подобро органите за варење.

Се спречува прејадувањето

Оние кои јадат со раце се послаби поради тоа што не се прејадуваат. Тој проблем успешно се решава особено кај децата, ако родителите им дозволат да јадат со раце.

Најсигурен начин за да останете витки

Оние кои јадат додека прават и нешто друго внесувале повеќе храна од оние кои седеле на маса и само јаделе. Кога јадете со двете раце не можете ништо друго да правите, бидејќи ви се мрсни и зафатени. На тој начин се концентрирате само на храната и процесот на јадење, па забележувате и колку јадете за на време да престанете.