Зошто често се будиме пред будилникот?

Оваа појава е многу честа, а веруваме дека  се јавила кај секој од оние кои мораат да стануваат рано наутро, поради работа или други причини.

Претходната вечер го навивате будилникот  за да ве разбуди во одредено време, но тоа не ви се допаѓа и потоа следните денови би сакале да отспиете барем неколку минути повеќе. Потоа се будите неколку минути пред иритирачкиот будилник следните денови и се прашувате како се случува тоа.

Причина за тоа е внатрешниот часовник во организмот

Организмот на човекот е совршен систем, кој брои многу подобро од било кој часовник или будилник. Во средишниот дел на мозокот се наоѓа сет на нервни системи за кои се смета дека го претставуваат биолошкиот часовник на човекот. Се нарекува хиполотамус. Научните истражувања започнати во 1972 година вклучиле експерименти на стаорци на кои им бил уништен таквиот часовник во мозокот. Резултатите покажале дека тие веќе потоа немале чувство кога им е време за спиење, а ако им се случувало да заспијат, не знаеле кога да се разбудат.

Што влијае на будењето?

Едноставно речено, без стручна терминологија – нашиот организам е перфекционистички, и сака сите секојдневни активности да бидат рутински. Така, секое утринско будење во одредено време на организмот во исто време е поврзано со тоа.

Научниците се обидуваат да го објаснат тоа со протеинот ПЕР, за кој сметаат дека е одговорен за воспоставување континуитет во системот на часовите. Неговата активност во текот на денот е променлива, а минимална е кога се подготвувате за спиење – пулсот е успорен, станувате поспани. Така, еден час пред будењето, нивото на ПЕР е во нагло зголемување, што значи дека организмот се подготвува за будење. Континуитетот на станување во одредено време ќе дозволи организмот да издвојува нормално ниво од овој протеин.

Постојат ли луѓе кај кои овој систем не функционира?

Будењето со силниот звук на будилникот е убедливо најголем стрес за организмот. Така сите природни процеси се пореметуваат. А, единствениот исправен и здрав начин за будење е оној без учество на било какви електроники – полека и постепено. Дури и пријатното и мирна мелодија од телефонот исто така влијае лошо на сите природни процеси на будење. Во овој случај, организмот покажува дека сте се пробудиле пред да го чуете будилникот.

Сепак, постојат ситуации каде овој систем не функционира кај луѓет. Тоа се случува кога секој пат легнете во различно време и станувате во различно време или пак имате хроничен замор – многу работите, а малку спиете.