Животот е краток – никој нема право да ви кажува како да живеете

Никогаш не плашете се да бидете свои. Зошто би се труделе да бидете како другите?

Никој не оди, не зборува и не размислува како вас. Вие имате право на свое мислење и начин на кој чувствувате, на свои желби и цели. Имате право и на своја радост и тага.

Имате право на свое ДА и свое НЕ, своја вистина, свој пат. Славете го  тоа. Имате право и на неред и хаос, лоши одлуки, неуспех и повторен обид. Тоа е само ваше. Тоа е дел од вас.

Другите луѓе имаат право да се навредат, да не се сложуваат, да чувствуваат завист и љубомора кон вас, но немаат право да ве казнуваат или се лутат за тоа што сте. Ако не се трудите никого да навредите или повредите намерно, никој нема право да ви кажува како да го живеете својот живот.

Постои огромна сила во тоа да бидете свои, да дишете на свој начин, да се движите со свое темпо и да чувствувате силни емоции во себе. Во вас постои огромна сила, никогаш не ја губете поврзаноста со таквата сила. Не им дозволувајте на другите да се потрудат да го диктираат вашето темпо и да ви кажат како да живеете.

Бидете блиски до себе, слушајте го својот глас. Тој е секогаш тука до вас, не дозволувајте да ви избега поради другите.