Земете го својот живот во ваши раце!

Постојат луѓе кои можат да поднесат речиси сè. Не затоа што околностите им се поинакви. Нашите околности немаат многу врска со исполнувањето на нашиот живот. Многу малку. Начинот на кој им пристапувате на околностите и вашиот став кон нив е она што ја прави целата разлика.

Успешните луѓе се луѓе „без ограничувања“, односно луѓе кои не си поставуваат ограничувања. Тие се самоостварени, свртени кон себе. Тоа се луѓе кои се прифаќаат себеси и не си зборуваат самите на себе дека на каков било начин нешто им недостига.

Ова е многу важен концепт за секој од нас.

Тоа е идејата да го земете својот живот во ваши саце и да бидете личност каква ќе изберете да бидете и да сфатите дека она што ќе ви се најде на патот е и можност и благослов. Во својот живот искусив дека, дури откако научив да се радувам на речиси сè што ми се нашло на патот, дури тогаш успеав во животот.

Сè што ни дал Бог, што и да е тоа – е совршено. Никој не може да порекне дека планините се совршени, дека реките се совршени, дека птиците се совршени и дека нилските коњи се совршени, и така натаму. Тоа е она што ни е дадено. Сè што имаме на нашата планета настанало како резултат на размислување. Мислата создава...

Сето она што го користиме: компјутер, облека, мобилен, возила.... сето тоа настанало како резултат на размислување. Сето она што го гледаме, а не ни е дадено, е создадено од страна на човекот како резултат од своето размислување.

Начинот на кој живееме, исто така е резултат на начинот на кој одлучуваме да размислуваме во животот. Тоа е многу важно начело кое треба да се сфати.

Кога еднаш ќе успеете да имате правилен однос со вашите мисли и да спознаете дека тие го создаваат она што го имате во животот, можете да го промените вашиот живот и да го направите апсолутно совршен, баш според ваша мерка – затоа што мислите го прават онаков каков што е.

Вејн Дајер, „Бидете свои, не се откажувајте“