Жена скокна од терасата на ГТЦ (ФОТО)

Женско лице пред малку падна или скокна од терасата на Градскиот трговски центар и паднала пред влезот од страната на Плоштад Македонија, објави 24инфо.

Како што објави порталот од очевидци, жената се премислувала неколку пати дали да скокне или не, па едно момче се обидело да ја фати пред да скокне, но не успеало.

Според истите информации жената е жива и има телесни повреди, па е префрлена во Ургентниот центар на Клиника. МВР го потврди случајот.

- Денеска (14.11.2023) околу 10.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека 55 годишна жена паднала од висина во ГТЦ. Лицето е пренесено во Ургентен центар „Мајка Тереза“, велат од МВР.