Жена прегазена од мотор на улица Македонија

И.С.Ј. (70) од Данска била прегазена вчера попладне на улица „Македонија“.

Од полицијата информираат дека 25-годишниот скопјанец Б.Г. управувајќи мотор удрил во жената која се здобила со тешки повреди.

Истата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде по укажаната лекарска помош е пуштена.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.