Земјотрес ноќва почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,  денес во 03 часот и 26 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Република Косово, на 20 километри северо-западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 2.3 степени.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во околината на градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.