Здрави и посни веге-тостови со неодолив вкус

Ова е одлична идеја за сите вегетаријанци, за оние кои постат, како и за оние кои обожаваат лесни и вкусни мини оброци. 

Посни здрави тостови со префинет и богат вкус! 

Потребни ви се следниве состојки: 

Едно авокадо, кришки леб за тостирање, неколку конзервирани или свежи домати, наут, зачини, една лажичка свежо седен сок од лимон и спанаќ за декорација. 

Исчистете го авокадото и средишниот дел испасирајте го со малку сол и сокот од лимон. Доматите потпржете ги на малку маслиново масло и тука додадете зачини по желба, црвен или црн мелен пипер, коријандер, куркума...Не пржете повеќе од 3 минути. 

Кришките леб исечете ги како триаголници и истостирајте ги. Првин премачкајте ги со намазот од авокадо, па потоа со доматниот соус и додадете конзервиран наут. Украсете со ливчиња спанаќ. 

На здравје!