Овој сладолед можете да го јадете без грижа на совест, бидејќи не содржи лоши состојки, ниту скриени шеќери.
Потребни ви се само неколку состојки:
3 банани (добро узреани)
1 рака сецкани ореви
3 реда сецкано темно чоколадо
малку засладувач (агаве, кафен шеќер, мед) Можете да ставите 1 лажица, а можете и без него бидејќи бананите се благи сами по себе
Изблендирајте ги бананите добро, а потоа додадете ги оревите и добро измешајте. Ставете во сад во кој ќе го замрзнете сладоледот, а одозгора истурете го сецканото чоколадо.
Уживајте во здравиот вкус.