Засадени нови дрвца на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, каде нелегално беа исечени

После дојавата во Инспекторатот на Град Скопје за вчерашното несовесно сечење дрвја од непознат сторител на бул. Крсте Мисирков, екипи на ЈП Паркови и зеленило денеска интервенираа со засадување на нови садници на истата локација.

Овој случај на непрописно сечење на дрво е пријавен до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајде и санкционира сторителот.