Зад секој среќен човек стои неговата одлука да биде среќен!

Да се биде среќен покрај сите притисоци и разочарувања, среќен и покрај сите падови и порази. Тоа може да се случи само ако веруваш дека животот може да биде добар без оглед на сите лоши искуства. Зад секој среќен човек стои неговата одлука самиот да ја пишува својата приказна, не дозволувајќи другите да му кажуваат што да прави и во што треба да верува.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука да усреќи некој друг знаејќи дека во среќата на другиот ќе ја пронајде својата среќа. Зад него стои и одлуката да не се занимава со туѓиот живот, гледајќи кој што купил, што направил, зошто направил... Зад секој среќен човек стои неговата одлука да верува дека доброто доаѓа и кога има проблеми околу него, односно дека треба да биде трпелив.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука дека денот ќе му биде убав. Зад секој среќен човек стои одлуката дека никогаш нема да престане да игра, затоа што знае дека самиот живот е игра, а не борба. Тој го сфаќа животот како можност да се сакаме, а не да се споредуваме едни со други.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука да престане да им се објаснува на другите и да објаснува зошто го прави тоа што го права. Едноставно им кажува дека треба да ги прифатат работите такви какви што се.

Само така може да живее среќен и исполнет живот!

cheap nike air max 90