Најдобрата одлука во мојот живот беше одлуката да имам трето дете!

Мојот сопруг и јас секогаш зборувавме за тоа дека ќе имаме деца дури неколку години откако ќе стапиме во брака, за навистина да можеме да уживаме како пар, да патуваме, да бидеме вистински модерен брачен пар. Ништо од тоа. Уште на самата свадба јас бев трудна.

Наскоро пристигна нашиот син и ние бевме заљубени во нашето мало семејство. Родителството баш супер ни дојде.

Секогаш сакавме две деца и се надевавме дека ќе имаме момче и девојче. Па така, кога ни се роди ќеркичката после две години, се чувствувавме благословено.

Меѓутоа, како да не беше тоа тоа. Не бевме потполни.

Ова беше чудно, со оглед на тоа дека секогаш зборувавме за две деца и бевме среќни што имаме момче и девојче. Што уште ми треба?

Внатрешниот глас се јавуваше одвреме-навреме и тивко велеше: „трето дете“. Со месеци се борев против овој внатрешен глас, размислувајќи за сите „за“ и „против“ аргументи.

Кога нашата ќерка имаше околу 15 месеци, ги изнесов своите мисли пред својот сопруг. Тој рече дека неговото срце е полно со љубов кон нашите деца, но дека му се допаѓа идејата за трето дете. Меѓутоа, навистина немаше желба да се врати во фазата „бебе“.

Искрено, не можев да го обвинувам. Иако се скапоцени, тие рани денови се тешки. Претешки. Тие се исполнети со беспомошни ноќи на кои им претходат 9 месеци бременост, плус дополнителното време за уште еден круг доење.

Во тој момент бевме потполно опуштени со родителството. Само што излеговме од фазата на пелени, двете деца цврсто спиеја навечер, патувањата беа забавни, а и финансиски бевме стабилни. Но, дури и со толку многу аргументи кои ме тераа да останам на две деца, не успеав да ја исфрлам идејата за трето дете од глава.

Им се обратив на пријателите и семејството за мислење и искуство од прва рака, во надеж дека дефинитивно ќе ми помогнат да се определам за една или друга страна. Бабата на мојот маж, која родила 5 деца, ми рече дека со секое следно дете е се полесно. А после второто, нема баш и некоја разлика колку деца имате. Од друга страна, една моја драга пријателка и мајка на три деца, ми рече дека трето дете или ќе нѐ поврзе или ќе нѐ разведе. Уф. Не бев сигурна на која страна треба да се приклучам.

Тогаш си поразговарав и со мајка ми. И не знам зошто тоа не го направив веднаш. Веројатно затоа што длабоко во себе знаев што ќе ми каже. Ме потсети дека нередот и буката се страшни и дека ќе си ја кубам косата од нервоза. Ме потсети дека се ќе личи на циркус и дека ќе се чувствувам како да жонглирам барајќи време за рамнотежа.

Тукушто помислив дека падна одлука, таа рекла: „Но, сепак, кога ќе го земам сето тоа предвид, во животов највеќе се каам за тоа што не родив трето дете.“ Ми објасни дека била премногу исцрпена, ментално и физички, и дека се чувствувала дека уште едно дете ќе ја скрши.

Но, продолжи да збори со солзи во очите: „Но, никој не ми рече колку е убаво кога ја гледаш пошироката слика.“

Тогаш ми стана јасно. Го гледавме нашето семејство на микро-ниво, стресирајќи се за секојдневни проблеми, фрки и отсуство на сон.

Ги затворив очите и го видов нашето семејство за 10 години. Ги гледав семејните одмори од планинарење одејќи по козји патеки и играње на плажи. Видов полна куќа со многу различни искуства кои се споделуваат на трпезариската маса. Го видов нашето семејство како брои 5 члена. И за првпат се чувствував спокојно. Во мај го поздравивмее нашето трето дете, уште една прекрасна девојка.

Она што беше тешко со претходните две деца, сега некако беше природно.

Се е тоа родителство. Она што првобитно сметаме дека е тешко, на крајот избледува, оставајќи пат за следната фаза. Како родител, сигурна сум дека ќе има уште многу, многу нови предизвици.

Мојот сопруг и јас сега ги поздравуваме овие тешки времиња со мантрата: „И тоа ќе пројде“. Тешките времиња се толку привремени и проаѓаат бргу, па зошто да не уживаме во возењето?

Новото бебе веќе неколку месеци е во нашите животи. Има денови кога се чувствувам како да сум распната и се прашувам дали сум способна да бидам мајка на три дете, но тогаш се присетувам на зборовите на мојата мајка. Тие зборови ми помагаат да ги надминам периодите кога не спијам како што треба и кога сум во хаос и се потсеќам дека ја поставам основата за она што ќе дојде.

Срцето ми се стоплува кога ќе помислам на иднината, на нашето семејство од пет членови и сите авантури низ кои ќе поминуваме заедно. Во меѓувреме, одлучувам да уживам во овие рани денови, без оглед на тоа колку се неуредни и хаотични. Сега знам дека заедно сите ќе го сфатиме тоа и ќе надминеме се.

 

cheap nike air max 90