Возете внимателно: Градежни активности на улиците во Скопје

Денеска( 24.01.2018),екипите на ЈП Улици и патишта Скопје ќе работат на санација на ударни дупки на коловозот на улици на територија на град Скопје.

Ќе се санираат ударни дупки на коловозот од улиците во населба Шуто Оризари, ќе се изврши нивелација на шахти и подготовка за асфалтирање на тротоари долж булевар 2-ра Македонска бригада, ќе се изврши санација на заштитни столбчиња и поставување нови долж булеварите Мајка Тереза и Свети Климент Охридски, како и поставување на мали рабници на тротоарот на булевар 8-ми септември во близина на Алумина, во насока на движење од крстосницата со булевар Партизански одреди кон крстосницата со булевар Митрополит Теодосиј Гологанов.