На територија на град Скопје казнети се 181 возач, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 10 санкции за управување под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес во безбедноста во сообраќајот.