Во Скопје 114 казни за сообраќајни прекршоци

Во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, соопштија денеска од МВР.

Од нив, за возење повеќе од дозволената брзина се 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови