По зголемениот број на случаи со големата кашлица расте интересот за вакцинација, ќе се работи во две смени и во сабота

Поради зголемениот број на случаи со големата кашлица интересот за вакцинација е зголемен. Од здравствениот дом “Букурешт“ каде е сместен вакциналниот пункт информираат дека е најавено двосмесно работење и работа во сабота.

Пациентите се дечиња поголеми од три години кои ги прошуштиле дозите од редовната вакцинација и нивниот број до 11 часот изнесува 60 дечиња што многу се разликува од вообичаените бројки кои се движат од 20-30 дечиња.

На ова од “Букурешт“ додаваат дека тука големо влијание игра и мерката забрана во градинките за невакцинираните и тоа дава дополнителна стимулација родителите да ги донесат дечињата на вакцинација.