Допрено е дното, измамници ја злоупотребуваат хуманитарната организација „Св. Спас“ да собираат пари за хендикепирани дечиња

Измамници одат по домовите на граѓаните и со лажни беџови со име на хуманитарната организација „Свети Спас“ бараат донации за хендикепирани деца. 

Со реакција се јавија и од „Свети Спас“ каде на Фејсбук со слика ги објавија и измамниците кои се претставуваат дека се претставницни на цркавата и се дел од оваа хуманитарна организација се со цел да земат пари од граѓаните.

„Добивме информации дека има некои луѓе кои оделе низ Скопје по куќи, со слика од црквата Свети Спас и со моја слика и бараат финансиска помош за "хендикепирани дечиња" за Велигден.

Направиле дури и лажни БЕЏОВИ, а имале и наши слики (најверојатно од фејсбук).

Сите кои ќе дојдат во вашите домови и во наше име ќе бараат било каква помош се измамници кои го злоупотребуваат нашето име и лично мене..

Доколку дојдат кај вас, ве молам веднаш повикајте Полиција.

Ве замолуваме да споделите за да спречиме ЗЛОУПОТРЕБА.

Бог да ве благослови!“ - стои во нивната објава.