Во општина Бутел тече Програма за општинско корисна работа

Општина Бутел почна со активностите за реализација на проектот од Програмата за општинско корисна работа, која финансиски е поддржана од УНДП, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Центарот за вработување.

– Оваа програма прв пат се реализира во општина Бутел, а во неа се ангажираат 14 невработени лица во социјалната и образовна сфера, од кои три образовни асистенти и 11 лични асистенти, кои ќе се грижат за 14 деца од училишна возраст со посебни потреби, за да им пружат помош во образовниот процес – вели градоначалникот Велимир Смилевски.

Лицата ќе бидат ангажирани до крајот на учебната година, а за својот ангажман ќе добиваат соодветен надомест.