Во четврток во Расадник: Концерт на „Нокаут“ за роденденот на Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода во четврток ќе го одбележи својот 68 роденден, а по тој повод ќе има низа случувања.

Дел од нив ќе бидат со инфраструктурен карактер, како продолжение на бројните проекти, а ќе има и дел посветен на културата, музиката и забавата.

- Сакаме да ги повикаме сите граѓани, од Кисела Вода, но и сите оние од другите општини и градови, кои сакат да поминат убава вечер и да бидат дел од манифестацијата „68 години Кисела Вода-бескрајна приказна која станува сè подобра“.

После хуманитарната „Kоријада“ во паркот Шопен, сите да се упатат пред салата Расадник. Од 18 часот ќе има Битка на бендови, а од 21 часот, во вечерната програма, најпрво атмосферата ја загрева DJ Mats, за веднаш по него, од 22 часот, голем концерт да одржи групата „Нокаут“, информираат од општината.