Многу ѕвезди на едно место - вечерва голем концерт во Автокоманда

Вечерва, со почеток во 19 часот, голем предновогодишен концерт во Гази Баба. 

- Општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски секогаш ја почитуваат македонската традиција и историја која што е опеана во непроценливото богатсво вткаено во македонските песни. Дојдете заедно да си спомнеме за историјата на македонскиот народ и заедно во еден глас да ги отпееме македонските народни песни, се вели во поканата од локалната сампуправа. 

На концертот кој ќе се одржи на плоштадот во Автокоманда ќе настапат ѕвездите од музичкиот проект „Македонијо, во срце те носиме“ - Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, Марија Спасовска, Миле Кузмановски, Мина Блажев, Огнен Здравковски, Наум Петревски, Зуица Лазова,