Внимавајте на вашите домашни миленици: Масовно труење на кучиња во Лисиче

Здружението „Daisy Family Rescue“ алармира дека се трујат кучиња во околината на Лисиче. Убиено било куче кое тие го заловиле и стерилизирале.

„Внимавајте на вашите маалски и домашни миленици! Отруени се повеќе кучиња во Лисиче во околината на паркот ‘Бановина’. Белка беше уплашено кутре. Нашето здружение ја залови, стерилизираше, лечеше од Ерилихија и врати на локација. Нејзиното братче го вдомивме, но нејзе ја вративме кај своите 2 машки кутренца каде што добри луѓе се грижеа за нив и ги хранеа секој ден. Денес, ова мајче со своите 2 кученца се безмилосно отруени од најлошото суштество на планетата земја, човекот.

Трчкајте таму горе сега сите задено, кадешто никој не може повеќе да ве повреди. А ти што ги отру, законот тука знаеме дека нема да те казни, но кармата ќе те стигне, и кога ќе ти биде најтешко во животот и се мачиш, се надеваме дека ќе ја осетиш болката на оваа невина мајка со нејзините малечки коишто умираа во најголеми маки од твоите раце“, пишува Здружението „Daisy Family Rescue“.