Внимавајте: Маж одзел лична карта и сакал да земе кредит, приведен измамник во Скопје

Секој ден се повеќе се регистрираат измами со кражби на лични податоци со цел подигање на кредит на туѓо име. Како што информира МВР еден таков случај е спречен вчера, на 02.11.2023 кога околу 09.30 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Х.З.(45) од с.Крушопек, скопско.

Тој се сомничи дека одзел лична карта на лице од скопско село и во филијала на финансиско друштво на подрачје на Бутел се обидел да земе кредит, претставувајќи се дека е лицето, но од вработените бил забележан дека лажно се претставува.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.