Овој рецепт за празнични слатки снешковци ќе ги воодушеви најмалите.
Се прави едноставно, со рафаело топчиња кои ќе ги споите со рафаело крем и ќе ги декорирате како снешковци.
Како да подготвите рафаело топчиња погледнете на следниов линк.
Откако ќе ги направите топчињата, пригответе го рафаело кремот.
Потребни состојки: 70g кокос 400g кондензирано млеко 200g путер 200g бело чоколадо.
Подготовка: Растопете ги путерот и белото чоколадо на тивка температура со постојано мешање за да се не запечат. Потоа, додадете го кондензираното млеко и мешајте. Потоа додадете го кокосот и уште еднаш добро измешајте. Така подготвениот „Рафаело“ крем ставете го во сад и чувајте го во фрижидер 3 до 4 часа.
Потоа може да ги споите топчињата, а во однос на декорацијата на овие слатки предпразнични снешковци погледнете го видеото: