Велосипедстите кон Арсовска: Немојте вело патеките да ги доживувате само како километри на хартија, пратете некој да вози по нив

Велосипедисите во Скопје се жалат на низа проблеми кои им го отежуваат движењето со велосипед.

-Илинденска, Св. Климент и 8ми септември се добри за со точак или тротинет. Другите главни сообраќајници се уште не се, велат дел од вело-ентузијастите кои очекуваат во следните четири години нештата да се променат со доаѓањето на новата градоначалничката на Град Скопје, Арсовска.

-Моментално велосипедските патеки во најголем дел се нечисти, блокирани од паркирани возила, прекопани и лошо затрупани од секој што имал потреба да пушти кабел или цевка, не се нивелирани, не се обележуваат редовно, алармираат велосипедистите.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која пред еден месец ја превзема функцијата, и во предизборната програма, а и сега ветува фантастичен проект кој, како што вели, нема да го загрозува прво животот, ниту безбедноста на скопјани и ќе биде навистина квалитетно нешто како велосипедистите би можеле непречено да ги користат велосипедите.

Таа во своето најново телевизиско интервју вели дека со контејнерите кои што ги поставил претходниот градоначалник се соочуваат со проблеми и пешачите и велосипедистите.

-И за тоа има решение, не треба да бидат ниту на пешачки, ниту на велосипедски патеки, нагласи Арсовска која се обврза велосипедистите да добијат соодветна инфраструктура.

Дел од вело-ентузијастите, пак и порачаа да формира еден вело тим во Град Скопје што ќе ги вози патеките и ќе ги забележува недостатоците.

-Немојте вело патеките да ги доживувате само како километри на хартија, пратете некој да вози по нив.

Дел од скопјани се на став и дека со намалување на цена на паркинг што го најави Арсовска, не се стимулира користење на велосипед.