Редовната ексфолијација на нашето тело не само што ги чисти мртвите клетки кои се насобираат на површината на кожата, туку и ја прави кожата нежна и мека, особено во пресрет на летните месеци.
Потребни ви се само три производи и неколку минути за овој производ. Тој е природен, лесен и евтин кој ќе го подготвите во домашни услови.
Потребни состојки:
150 мл. Масло за бебиња или маслиново масло
3-4 големи лажици морска сол и кафеав шеќер
кора од 1 лимон
Измешајте ги сите состојки и ставете ги во стаклена тегла. Ексфолирајте ја вашата кожа во текот на туширањето бареме еднаш неделно.
Вашата кожа ќе ви биде благодарна за ова.