Утрово голема полициска акција во Скопје

Голема полициска акција во моментов се одвива на подрачјето на Скопје. Се вршат претреси на неколку локации, со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал, пренесуваат медиумите.

И специјалците се на терен, а како што дознаваме веќе уапсени се десетина лица.

МВР потврдува дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целта на акцијата најавува подоцна во текот на денот.