Утре во Ѓорче Петров голем настан за помош на малата Ника Стојановска

Утре во Ѓорче Петров ќе се одржи хуманитарен настан посветен на малата Ника Стојановска која боледува од таласемија и потребно и е пресадување матични клетки во Турција. Собраните средства од настанот ќе бидат наменети за лекување на Ника.

Почетокот е предвиден за 19 часот и 30 минути со мото-дефиле од улицата „Борис Сарафов“ до Центар.

А за добра забава и музика ќе се погрижат Life Wire, Бени Шаќири, Јовче Пандев и пријателите и Стојне Николова заедно со Динамик бенд.

Концертот ќе почне околу 20 часот.

На настанот ќе му претходи крводарителна акција која ќе почне од 9 до 13 часот во Центарот за култура.

-Ќе ми биде чест да ве поканам да дарувате крв која за некого живот значи. Ние, ѓорчепетровци, многу добро знаеме што значи да се биде хуман и да се помага, затоа да покажеме утре, уште еднаш, дека хуманоста е таа што зборува за нас, стои во поканата од првиот човек на општината Александар Стојкоски.