Уште еден мотоциклист настрада во сообраќајка

Два мотоцикла и едно возило учествувале во сообраќајка која се случила завчера во Скопје. Повредено е едно лице. 

- На 17.08.2022 околу 07:30 часот на улица „Лазар Личеноски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јонвеј“, управуван од А.К.(44) од Скопје, патничко возило „ауди“, управувано од М.С.(27) од Куманово и мотоцикл „пијаџо“, управуван од В.Ц.(40) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки, соопшти полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.