УХМР најавува промена во временските прилики

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 1 Штип, 2 Скопје, Претор, Д. Капија, 3 Тополчани, 4 Прилеп, Охрид, 7 Битола, Лазарополе, 9 Ѓуриште, 10 Маврово, Тетово, 13 Крушево, 16 Пожаране.

Времето денес (29.09 2017 год.): Претежно облачно и свежо, на западот и југот со повремен локален дожд, а кон исток со се повеќе сончеви периоди, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, најизразен на североистокот. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.

Во Скопје температура до 18 °C.