Уапсен Косовец на Блаце, го барале од Интерпол

МВР инфомираше дека вчера на ГП Блаце бил уапсен косовски државјанин по барање на Интерпол.

Вчера во 17.15 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(56) од Косово затоа што при извршена проверка констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање од Интерпол.

Тој бил предаден на Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка се вели во соопштението на МВР.