На Блаце уапсен државјанин на Албанија, возилото кое го возел било барано од Интерпол

Вчера во 21.35 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ч.(33) од Република Албанија.

Имено на Д.Ч. му била извршена гранична проверка каде било констатирано дека патничкото возило „цитроен ц5“ со белгиски национални ознаки, кое го управувал, било барано од Интерпол

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.