Уапсен Французин на Блаце, возилото кое го возел било барано од Интерпол

Полициски службеници вчера во 20:40 часот на Граничниот премин Долно Блаце го уапсиле Г.Л.(44) од Франција затоа што при извршена гранична проверка и контрола било констатирано дека возилото „ауди“ со француски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање од Интерпол.

Возилото било одземено, а Г.Л. бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.