Твитер реакции: Врие од комарци во Скопје, да не ги прскате со парфем?

Град Скопје најави авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, откако во овој период од годината е зголемен бројот на инсекти кои ги напаѓаат граѓаните.

Скопјани преку социјалните мрежи се жалат дека залудно се прскало против комарци, затоа што ги има во сè поголем број.

- Прскале против комарци жими га*от нивен неспособен, нозете „ренде“ направени после одвај 20 минути шетање, се жали еден твитерџија.

- Врие комарци ја не знам со што ги прскаат, најверојатно со парфем зашто во живот на прсти од рака не ме каснале, сега сум како сипаници да имам. И на чело исто, вели скопјанка.

- Излегов на 10 минути по апостолки да ги прошетам кучињата, ме изедоа комарци, се жали друг корисник на Твитер.

- Значи се прска против ларви од комарци, а не комарци. Ве каснала ли досега ларва од комарец? Не треба благодара, пишува друг твитерџија.

- Стероиди за комарци, секоја вечер брмчат сè погласно и погласно како дронови, се жали друга скопјанка.