Тројца скопјани каснати од улични кучиња

Вчера во 13.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Ѓ.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ бил каснат од куче скитник.

Истиотм ден во 15.10 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.С.(49) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.

Денеска (11.03.2024) во 08.15 часот во Полициската станица Аеродром, Б.С.(75) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.