Трет ден блокади во општина Чашка поради отварање на паралелката на албански јазик

Родителите на учениците од ООУ „Тодор Јанев“ од Чашка, кои се против формирање на паралелка на албански јазик во нивното училиште, тие веќе трет ден од 7 до 10 часот наутро мирно ги блокираат приодите кон општината, на две места пред галеријата на железничката пруга на влезот во Чашка и на мостот на Тополка во правец на селата Отиштино и Горно Оризари.

На настава не доаѓаат ниту децата од албанската паралелка кои со комбиња од околните села во општината се носат на настава.

Најавите се дека со мирните блокади ќе се продолжи и во понедленик каде ќе се блокираат и други важни институции за работа Општината. Децата од македонска националност од ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка не посетуваат  настава со започнување на протестите од 22 ноември лани, а не продолжија ниту во второто полугодие.

Пешовска нагласува дека не се против децата од албанска националност да учат во училиштето, но тоа да биде во заедничките паралелки со нивните деца на македонски наставен јазик., како што беше досега.

Тие предлагаат посебна паралелка за албански јазик за првачињата да се воведе во друго подрачно училиште во селата во Општина Чашка каде жителите се со албанска националност, но не и во Чашка каде нема ниту еден регистриран жител од албанска националност.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на нивните барања пред еден месец им одговори дека во училиштето се исполнети сите услови за формирање на паралелка на албански наставен јазик и најави дека ќе се заложи за смена на статутот на ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка, а кое е на настава на македонски јазик.