Трајановски најави неколку проекти во склоп на ,,Скопје зелен град’’

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат со најава на нови проекти од ,,Новата ера’’ кои се дел од ,,СКОПЈЕ ЗЕЛЕН ГРАД’’.Актуелниот и кандидат за градоначалник на град Скопје, меѓу другите приоритетни проекти, го најави и овој голем коj ќе придонесе за подобрувањето на животната средина на ѓраганите во Република Македонија.

Проект 7 : РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГРАДСКИ ПАРК 2 ДЕЛ

Предвидено е дека, ќе се уреди градскиот парк втор дел со ново зеленило и хидрантска мрежа, ќе се постават реквизити за деца и јавни тоалети. Исто така во овој проект се опфатени нова урбана опрема, ново осветлување, чистење на каналите и езерцата и садење на нови дрвја. Ќе се обноват патеките и мостовите.

Реализацијата би била во вредност од 130 милиони денари, во рок од 2018 -2020 година.

Проект 8 : МОНИТОРИНГ НА ВОДИ ШТО ГИ ХРАНАТ ИЗВОРИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ

Град Скопје постави пиезометарска мрежа (челични перфорирани цевки на одредена длабочина) на заштитените подрачја преку кои се врши постојан мониторинг т.е. земање на примероци на вода при што се врши контрола на квалитет и квантитет на подземните води кои ги хранат изворот Рашче и бунарско подрачје Нерези-Лепенец.

Реализацијата би била спроведена преку ЈП Водовод, во континуиран рок.

Проект 9 : ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИСКА КАРТА ЗА БУЧАВА СО АКЦИСКИ ПЛАН

Изработката на стратегиската карта за бучава е обемен долгогодишен проект кој ќе се спроведува во наредниот период во соработка со надлежните институции. Добиена е техничка опрема (компјутери и софтвер) за реализација на активностите во рамки на Твининг-проект, преку МЖСПП.

Реализацијата би била во вредност од 500 000 илјади денари, во рок до 2021

Проект 10 : УРЕДУВАЊЕ НА ЗАШТИТЕНИ ЛОКАЛИТЕТИ (ВОДНО, Г.БАБА, МАТКА) ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Градот Скопје во наредниот период ќе продолжи да го уредува просторот во заштитените локации со урбана опрема, патеки и парковска опрема.

Реализацијата би била во вредност од 25 милиони денари, во континуиран рок.

Проект 11 : ИЗГРАДБА НА ЗЕЛЕНИ КРОВНИ ТЕРАСИ И ЅИДОВИ

Согласно со предлозите од Студијата за озеленување и пошумување на Град Скопје, а во насока на намалување на загадувањето на воздухот и влијанијата на климатските промени ќе бидат реализирани зелените тераси и ѕидови на дел од објектите во надлежност на Град Скопје.

Реализирано во вредност од 10 милиони денари, во рок од 2018-2020 .

Проект 12 : РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗЕЛЕН КОРИДОР ДОЛЖ РЕКАТА СЕРАВА

Изработена е студијата за воспоставување на зелениот коридор. Како следна фаза од овој проект е изработка на проекти и нивна реализација по фази. Во наредниот период ќе се направи зелен појас со трим-патека и урбана опрема околу реката Серава.

Реализацијата би била во вредност од 30 милиони денари, во рок од 2018-2020 година.

Проект 13 : ИЗРАБОТКА НА ЕКСПЕРТИЗА ЗА РЕВИДИРАЊЕ НА ЗАШТИТНИТЕ ЗОНИ НА ИЗВОРОТ РАШЧЕ

Заради заштита на изворот Рашче ќе се изврши ревидирање на заштитните зони и состојбите на терен, при што ќе се спроведат теренски истражувања и анализи на заштитеното подрачје на изворот и ќе се утврдат нови мерки за заштита.

Реализацијата би била во вредност од 5 милиони денари, во рок до 2019 година.

Проект 14 : ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ПОДЗЕМНИТЕ ВОДИ ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН

Ќе се направат нови 500.000 м2 парковско зеленило во Градот Скопје, парк во Општина Аеродром со површина од 100.000 м2, парк во Општина Карпош по должината на реката Вардар, зеленило покрај новите булевари и на други места.

Реализацијата би била во вредност од 300 милиони денари, во рок од 2017-2021 година.