МВР и денеска ќе издава лични карти

Поради денешните Претседателски и Парламентарни избори, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР денеска ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.

„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.