Таксист користел загубена платежна картичка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.С.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 13.03.2022 во Кочани, пријавениот во неколку наврати употребил платежна картичка која ја пронашол во такси возило кое го управувал, при што го оштетил лицето за 7.310 денари.