Супа од тиква која со себе го носи мирисот на есента

Ова е еден од најздравите и највкусните оброци во текот на есента.

Photo by Irina on Unsplash

Потребни состојки:

½ кг тиква

2 парчиња лук

150 мл павлака

малку сол и бибер

малку масло

Начин на подготовка:

Загрејте го маслото.Кромидот исечкајте го на коцки и пропржете го во масло.

Тиквата се лупи и се сече на коцки, па се додава  на кромидот, се пропржува една минута, па се покрива со 500-750 мл вода.

Оставете го зеленчукот да се свари.По желба можете да додадете и еден морков исечен на парчиња. Кога ќе видите дека тиквата е сварена извадете ја од садот и оставете ја да се излади неколку минути. 

Зеленчукот изблендирајте го во блендер. Ако супата е премногу густа (сè зависи од тоа кој ја сака) додадете уште малку вода и вратете ја на шпорет да зоврие. Посолете, бибер и зеленчук по желба и потоа додадете ја павлката. Оставете да се стопли уште малку и потоа таа е готова.

Оставете ја малку да се излади и послужете.