Судир помеѓу „киа“ и „томос трицикл“, подебелиот крај го извлекол малолетникот кој го возел „томосот“

Вчера во Скопје било пријавено дека на ул. Црниче во судир помеѓу „киа„ и „томос трицикл“ настрадал малолетникот кој го возел томосот кој со тешки телесни повреди бил пренесен во Градската болница

„На 25.03.2024 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Црниче“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(54) од Скопје и трицикл „томос“ со вградена приколка, управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“ велат од МВР