Студентските легитимации со „СЕВЕРНА“ наидоаа на жестока критика

Студентите од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје ги добија своите студентски легитимации, а натписот „Република СЕВЕРНА Македонија“ наиде на остри критики во јавноста затоа што „Северна“ е потенцирано со големи букви. 

- Ох, оххх...писменех, ох, ох, ѕвездо Северна...порача професорката Наташа Котлар на својот фејсбук профил споделувајќи фотографија од изгледот на студентската легитимација. 

Ова се дел од критиките кои јавноста ги упати на сметка на УКИМ: 

- Каква срамота, себеуништување.

-  Најголеми букви за да се види од Европа какви предавници се нашите политичари и едни и други. 

- Мене би ми било срам да креирам вакви документи. Ај што е долно и недостоинствено, па и неписмено! Неточен правопис на документ од УКИМ! 

- Мора да се потенцира северна, зошто ќе им се налутат пријателите. 

- Универзитетов не за џабе е избришан од сите листи. 

-Па ете го образованието. Да не се чудиме од каде ова постана полтронско општество. Институцијата е постара од тоа фонтираниот натпис. Какви глупаци гнијат по тоа високообразовните дувла.