УКИМ донесе важна одлука, ги засега сите студенти!

Студентите од самохрани семејства ќе плаќаат половина од уписнината на првиот циклус на студии. 

Ова следува по донесената одлука на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со што студентите, чие родителско право го врши само еден родител, а се запишани на еден од факултетите во склоп Универзитетот, да платат само 50 отсто од износот на уписнината за прв циклус на студии во зимскиот семестар, пренесува Мета.мк.

Поволноста се однесува за студентите кои потекнуваат од семејства каде родителското право го врши еден родител, односно имаат само еден родител запишан во изводот од Матичната книга на родените, еден родител е починат или го загубил родителското право. 

Според одлуката на УКИМ, по завршувањето на уписите во зимскиот семестар, Универизитетот ќе отвори интерен оглас на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани студенти, а селекцијата ќе ја направи комисија врз основа на Правилникот за запишување во квоти на студенти чие родителско право го врши само еден родител.

Во новата одлука стои дека најголем процент во бодувањето ќе добие финансиската состојба на кандидатот, 60 отсто и неговиот успех, 40 отсто од поените.