Стојанов тврди дека претепан е човек зошто е Бугар, од МВР велат: Му пронајдовме дрога и покажа агресија кон полицајците, ќе има мерки против нив

Виктор Стојанов еден од најголемите пропагандисти, антимакедонисти и редовен ширач на говор на омраза на социјалните мрежи веќе неколку дена објавува за брутално претепување на македонец со бугарска самовест во Охрид.

Според неговата верзија Јане Мурговски, син на Владо Мурговски кој е автор на делото „Ратко“ книга насочена за пропагандни цели во Македонија бил претепан на улица од чиста мира од страна на полициски службеници. Притоа при ваквиот чин на Јане Мурговски му се нансени тешки повреди. Според верзијата на Стојанов му биле повредени 4 ребра, хематом на бубрези, скршена му била раката, скршен му бил носот како и потрес на мозокот од наводното тепање на полицајците.

Она што го тврди Стојанов е дека ова е системски напад и дека бугарите се под постојан прогон низ цела Македонија и за ваквите постапки никој не одговара што не е точно. Против овие полициски службеници веќе се превземени мерки и се поднесени соодветни пријави.За ова добивме потврда и од страна на МВР каде велат дека кај лицето Јане Мурговски е пронајдена дрога ( нешто што Стојанов „заборавил“ да го напише) , и притоа при претресот агресивно се однесувал кон полицајците.

Скопјеинфо постави прашање до МВР во врска со овој настан и еве што ни одговорија:

„На 18.03.2024 во 14.25 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Ј.М.(46) од Охрид затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. При приведувањето бил извршен преглед кај него, при што била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со настанот, Ј.М. пријавил дека, при преземањето мерки кон него, полициските службеници употребиле прекумерна сила, при што се здобил со тешки телесни повреди. За настанот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и  професионални стандарди при МВР. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“ се вели во одговорот на МВР.

Веста стигна и до бугарските медиуми кои без никакви проверки пишуваат за тепањето на бугарот Јане Мурговски, секако со изјава на Виктор Стојанов и неговата верзија на настанот. Ваквите настапи од страна на Стојанов не носат ништо корисно и имаат цел дополнително да ги затегнат односите на Македонија и Бугарија.

Значајно тука да се каже дека Стојанов заедно со таткото на Јане, Владо Мурговски пред некоја недела ја издадоа книгата „Радтко“- псевдонимот на Ванчо Михајлов еден од најголемите крвници на македонскиот народ и соработник на нацистите чија цел има да шири пропаганда во Македонија.

Инаку ова не е прв пат Стојанов да шири лажни вести на неговиот Фејсбук. Речиси секој пост му е против Македонија и македонскиот народ. Претежно постовите му изобилуваат со говор на омраза и целосна негација кон историјата и културата на Македонија. Поради таквите настапи на Стојанов му е забранет влез во Македонија.