Стево Пендаровски одбил да се појави на дебата

Актуелниот претседател и кандидат на СДСМ за истата функција, Стево Пендаровски, одбил да се појави да биде дел од дебатата во организација на телевизија Телма заедно со останатите претседателски кандидати.

Ваквата информација ја објави новинарот Боби Христов кој на својот твитер профил му даде црвен картон на актуелниот шеф на државата.

Инаку Стево Пендаровски не поминува митинг, а да не говори за дебати и соочување со своите противници и еве кога се укажа можност за такво нешто од причини што само тој ги разбира одби да се појави на дебата.